Алуминиумските текстилни рамки се наменети за поставување огласи испечатени на текстилно платно (канвас). Тие претставуваат иновативно решение за истакнување на рекламните пораки на ѕидовите во малопродажните и деловните објекти. Благодарение на современите технологии за печатење, ваквите реклами оставаат посебен ефект кај гледачот.
Профилот од 45 mm се користи за неосветлени рамки од големи формати. Откако ќе се инсталира, овозможува лесна замена на огласи со големи димензии.