Поли метил метакрилат (ПМАА) е транспарентна термопластика. Екструдираниот плексиглас е алтернатива на поликарбонатот кога не е потребна екстремна цврстина и висока термичка отпорност. Наоѓа честа употреба поради своите карактеристики, лесното ракување, обработка и природната отпорност на УВ зраци. Овој плексиглас пренесува до 92% од видливата светлина и дава рефлексија од околу 4% од секоја површина. Вредноста на замаглување е помала од 1% со што се добива одлична јасност. Плексигласот има половина од густината на стаклото, а сепак е 17 пати поцврст и има предност во полирањето. Есктрудираниот ПМАА плексиглас е најбараниот и најпознатиот плексиглас на пазарот.
ФЛЕКСИБИЛЕН – Едноставно се обликува и моделира.
ИЗДРЖЛИВ -Отпорен на удари при долги временски периоди.
ВРЕМЕНСКИ – Издржлив на надворешни влијаниа подолго од многу други пластики.
ПРЕНОС НА СВЕТЛИНА – Највисока стапка на пренос на светлината кај термопластиките.
НОВО – Нудиме и огледален плексиглас, во сребрена и златна варијанта. Овие табли се полесни, побезбедни од стаклото и се поедноставни за обработка, сечење и монтирање. Токму поради тоа тие се идеални за употреба кај автомобилската индустрија, мебел, детски играчки, избработка на знаци и дисплеи.
Примена:
Рекламирање и Визуелни комуникации
- Дисплеи POS/POP
- Музејски куќишта
- Изложби и саеми
- Признанија и награди
- Знаци
Архитектура и Градежништво
- Аквариуми и структурни панели
- Настрешници, профили на врати и прозорци
- Осветлување
- Прозорци за базени, нуркачки базени, јавни аквариуми
- Транспарентни бариери
- Цврсти површини
- Звучни бариери
Автомобилство и Транспорт
- Внатрешни и надворешни облоги
- Каравански прозорци
- Акрилни прозорци за бродови
- Складирање
- Ветробрански стакла
Ентериери и Домаќинства
- Делови од уреди и предници на контролни панели
- Мебел
- Кујнски мијалници
- Осветлување
- Работни површини